Топ Вести

150 деца во втората смена на летниот камп на Металург

23.06.2016 17:02
13493690_107556606341453_1872720689_o

Над 150 деца од нашите школи од Скопје, Берово и Прилеп се дел од втората смена на летниот камп на Металург. Предводени од тренерите Јуле Црвенкоска, Никола Матлиески, Драган Расковски, Даниела Тасеска и Гоце Макалоски, овие деца, во предвидените седум дена, ќе ја минат предвидената обука, но и ќе бидат дел од прекрасните забави што ги нуди нашиот камп. А на само 50-на метри е и преубавата плажа на хотелот Бетон, што дополнително ги грее срцата на нашите млади спортисти.

Вкупно, оваа година низ кампот ќе минат 365 деца од Скопје, Берово, Прилеп, Кавадарци, Македонска Каменица, Виница, Кочани и Кратово, дополнети со 30-на деца од нашата школа во Охрид, кои секојдневно тренираат во кампот, со што е соборен рекордот од минатата година, кога кампот го посетија 350 деца.

11 сезони се одржува традицијата на нашиот камп, најстар во нашата земја, и секоја година тој создава незаборавни спомени и многу нови пријателства. Годините си течат, доаѓаат нови генерации, а сите нив ги поврзува спортот кој го сакаме и клубот со кој што живееме.

Прочитано 455 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 11