Топ Вести

Александар Јовиќ: Денешниот пораз не врати два чекори назад

05.11.2017 21:37
_DSC0040_resize

По средбата меѓу Металург и Чеховски Медведи се одржа редовната прес-конференција, на која двајцата тренери го искоментираа завршениот натпревар.

.

Александар Јовиќ: “Чеховски Медведи денеска не надиграа и не победија во една чесна борба. Ние потфрливме во одбраната, а ниту борбеноста не ни беше на потребното ниво. Направивме и многу технички грешки во нападот кои беа казнети со противничките контри и  полуконтри. За жал, и нашите клучни играчи, тие што имаат најголема минутажа, не беа на своето вообичајно ниво. Треба да направиме добра анализа и да видиме што треба да се поправи за следниот натпревар. Ни се укажа шанса за второто место во групата, но не ја искористивме. Приоритет ни е да играме подобро од натпревар во натпревар. Но, ако досега одевме чекор напред, сега се вративме два чекори назад. Тешко е да им се пренесе на овие млади играчи дека на секој натпревар мораа да играат максимално и во одбрана и во напад. Можеби тука има и моја вина“.

Мартин Томовски: “Чеховски Медведи комплетно ја заслужија победата. Дадоа се од себе за да се радуваат на крајот. Ние отворивме лошо и противникот ги казни сите наши грешки, создаде разлика која потоа успеа и да ја задржи. Ние цело време моравме да го бркавме резултатот, но не успеавме да ја достигнеме негативата. Најблиску што дојдовме беа трите гола на крајот од средбата“.

.

Многу порасположен беше тренерот на гостинскиот тим Владимир Максимов: “Нашата одбрана беше одлична на стартот на натпреварот, а во нападот лесно ги користевме грешките што ги правеше Металург, особено кога играа без голман, па постигнавме четири голови на ваков начин. Голманот Павленко имаше одлична вечер. Тој бранеше добро и ќе повторам дека одбраната и голманот се најзаслужни за денешната победа“.

Владимир Максимов дури се обиде и да се пошегува, па вети: “Сега ќе го победиме Мотор Запорожје, следната недела, и Металург повторно ќе има шанса во борбата за второто место“.

Дмитри Павленко: “Ова е наша прва победа во ова натпреварување во тековната сезона. Моите соиграчи многу ми помогнаа во одбраната, а без тоа немаше да можам да бранам на ова ниво. Честитки до Металург, кој беше борбен до самиот крај, но сепак се радувавме ние“.

Фото:

Прочитано 2 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 5