Топ Вести

Александар Јовиќ: Денеска го плативме данокот на неискуството

12.11.2017 22:49
_DSC0006_resize

На редовната прес-конференција по средбата со Монпелје, своите коментари ги дадоа тренеритена двата тима.

.

Александар Јовиќ: “Ова е заслужена победа на Монпелје, тим кој со својот квалитет не заслужува да биде во оваа група, туку треба да биде дел од посилните “А“ или “Б“ групи. Ние одигравме добар натпревар, но за победа над Монпелје ни требаа уште еден до двајца ракометари во ротација или, пак, да не ги направевме тие грешки кога успевавме да фатиме приклучок за нерешен резултат. На овој меч го плативме данокот на неискуството“.

Халил Јагањац: “Сакам да ѝ честитам на екипата на Монпелје за заслужената победа. Што се однесува до нашата игра, се боревме се до последна минута. Тоа е нашиот квалитет и, за да победиме екипа како Монпелје, најсилната екипа во нашата група, мора да се биде совршен и да не се греши. Ни недостасуваше и сила и уште еден до два играчи во ротацијата. Затоа побегнаа резултатски во финишот и дојдоа до триумф. Резултатот можеби и не е реален, затоа што се држевме се до самиот крај“.

Патрис Канаје: “Задоволен сум од тоа што моите момци го прикажаа на денешната средба. Тие одиграа максимално борбено во текот на сите 60 минути и затоа морам да им честитам. Секако можам да бидам задоволен и од резултатот, бидејќи дојдовме до нов триумф. Игравме против млада екипа која покажа борбен дух и затоа ова за нас е одличен резултат“.

Никола Портнер: “На последните средби имавме проблеми во одбраната и примавме многу голови. Сега покажавме дека можеме да бидеме и далеку подобри во овој дел од играта. Успеавме да го кренеме нивото во одбраната и тоа ни донесе резултат. Ова е одлично постигнување за нас. Резултатот што го постигнавме против Металург е добар, бидејќи знаевме дека ќе имаме тешка средба. Секогаш кога се игра против Металург во оваа сала е тешко и навистина мора да се вложи максимум за да се дојде до победа“.

Фото:

Прочитано 39 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 7 =