Александар Јовиќ: Ќе се обидеме повторно да го изненадиме Мотор Запорожје

23.11.2017 13:38
23998224_10212508290755090_299066760_o_resize

Денеска на пладне, Металург одржа прес-конференција, по повод претстојната средба со екипата на Мотор Запорожје, натпревар во рамките на 9. коло на групната фаза на Лигата на шампионите.

На располагање на новинарите беа Александар Јовиќ и капитенот на Металург Филип Кузмановски, кои ги дадоа своите коментари.

.

Александар Јовиќ: “Два најдобри натпревари во Лигата на шампионите ги одигравме на гостински терен, и тоа со Мотор Запорожје и со Чеховски медведи. Оној натпревар со Мотор Запорожје сметам дека ни беше најдобар натпревар во оваа сезона. Сепак, на саботниот натпревар фаворитската улога им ја препуштаме на гостите, бидејќи се работи за искусна и квалитетна екипа која знае да си ги искористи шансите. Нашите шанси ги гледам во добрата одбрана, иако во последните неколку натпреваритокму таа многу потфрли, што се гледа и од големиот број на примени голови. Се разбира дека потребна ни е и поддршката од голманите и доколку тие запишат 13-14 одбрани мислам дека би можеле да бидат пресудни. Секако, ќе треба и во нападот да играме до чиста шанса. Овој натпревар треба да на ја подигне самодовербата и затоа сите ќе дадеме максимум. Освен на оној натпревар со Чеховски медведи на домашен терен, на другите средби генерално игравме добро. Ни недостасува тоа искуство кога се крши натпреварот, тогаш влегуваме во серија на грешки и тоа е нешто што со искуство и со текот на времето треба да го надминеме. Што се однесува до тоа кој ќе ја води екипата, јас ќе бидам на паркетот, а Лино на трибина. Тој се врати во Скопје, последните тренинзи заедно ги одработивме и сигурно е дека секој негов совет ќе ни биде од полза“.

Филип Кузмановски: “Знаеме што не чека в сабота, а добро го знаеме и противникот. Таму одигравме еден добар натпревар и покажавме како се игра во одбрана, а како во напад. Можевме и да победиме и да загубиме, но средбата заврши нерешено. Мотор е искусна екипа, со добри поединци кои доаѓаат да не победат. Иако ги загубивме шансите за следната фаза, ветувам дека ќе одиграме најдобро што знаеме и дека ќе одиме на победа. Ние сме млада екипа, ни треба поддршка, од натпревар во наптревар растеме како тим и се надевам на позитивен резултат.“

Прочитано 335 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 2