Александар Јовиќ: Крајот на натпреварот го расипа впечатокот

29.11.2017 12:57
_DSC0271_resize

На прес-конференцијата по натпреварот, задоволен беше Александар Јовиќ од победата и од играта што ја прикажа Металург во првите 45 минути од средбата со Татран Прешов, но упати и низа критики за своите ракометари за начинот на кој ја одиграа последната четвртина од овој интересен натпревар.

.

Александар Јовиќ: “Ние сме задоволни од денешната победа, но уште еднаш покажавме дека играме одлично до 45-50 минута, а потоа имаме голем пад. Верувам дека тоа се должи на неискуството на моите играчи и на немање на доволен број силни натпревари. Водевме со 11 разлика и имавме среќа што водевме толку. Да не водевме со толку голема разлика, ќе го загубевме и денешниот натпревар. Имавме многу избрзани шутеви, многу грешки и дозволивме Татран да не казни со серија од 0-10. Но, задоволни сме од победата, бидејќи полека излегуваме од резултатската криза, која не тресе подолг период. Имаме уште пет натпревари, на кои сакам да видам добра игра. Резултатот ќе биде во втор план“.

Божо Анџелиќ: “Пред се, би сакал да и честитам на екипата на Татран за фер и за коректната игра. Имавме одлични 45 минути, но падот можеби е и очекуван. Со оваа победа си ја подигнавме самодовербата, па во Лисабон ќе се обидеме да ја завршиме Лигата на шампионите со победа и барем да бидеме едно место погоре“

.

Фото:

Прочитано 490 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 6