Александар Јовиќ: Металург нема да го видите ниту на колена ниту со клуч на брава

10.12.2017 00:53
_DSC0106_resize

По средбата Вардар Металург се одржа редовната прес-конференција на која двајцата тренери го коментираа натпреварот, но и нешто повеќе.

Александар Јовиќ беше презадоволен од изданието на Металург, а имаше и што да им порача на бројните душегрижници, кои ја користат кризата на Металург за пласман на црни сценарија.

Александар Јовиќ: “Вардар е европски и македонски шампион, нивната победа е сосема заслужена. Одигравме добар меч, покажавме добра борба и сите играчи заслужуваат пофалби за максимумот што го дадоа на овој натпревар. Вардар е неприкосновен, му посакувам да игра во завршниците во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите. Но, сакам да го искористам овој момент и да испратам порака до сите кои сакаат да го видат Металург на колена и со клуч на бравата. Тоа нема да се случи, бидејќи имаме стабилен спонзор и Минчо Јорданов ќе изнајде решение за настанатата ситуација, а клубот ќе продолжи да работи со сите свои селекциите, како и со репрезентативците кои се во нашиот тим“.

Мартин Велковски: “Јас сум задоволен од себе и од мојата екипа, бидејќи се боревме максимално, дури и бевме во игра до 40. минута. Сите знаеме која е разликата во буџетот меѓу Вардар и Металург и мило ми е што успеавме таа разлика да ја покриеме во првите 40-тина минути“.

Раул Гонзалез: “Имавме тешко отворање на средбата. Металург одигра одлично во првото полувреме и заслужено го доби овој дел, бидејќи беше подобар од нас. Ние, пак, во вториот дел успеавме да покажеме далеку повеќе. Ја кренавме играта во одбраната, а тоа ни остави простор на теренот да одиграме подобро, со што успеавме да го скршиме отпорот. Тоа беше нашата игра и ни донесе резултатски пресврт и нова победа“.

Даниел Ѓорѓески: “Како што напомена и тренерот, ние имавме многу тешко прво полувреме во кое имавме и проблеми со одбраната. Ни требаше време за да успееме да ја поправиме играта и да се кренеме, а успеавме да го сториме тоа во второто полувреме. Дојдовме до пресврт, па можеме да бидеме задоволни од продолжувањето на победничката серија“.

.

Фото:

Прочитано 1.232 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 11