Топ Вести

Александар Јовиќ: Металург в недела е фаворит и од тоа нема бегање

03.11.2017 13:47
tankoski_resize

Металург денеска одржа прес-конференција, по повод средбата со Чеховски Медведи од 6. коло од групната фаза на Лигата на шампионите, што в недела се игра во Скопје.

Пред новинарите, средбата ја коментираа Александар Јовиќ и Марио Танкоски.

.

Александар Јовиќ: “Во сите досега одиграни натпревари ние бевме, условно кажано, аутсајдери и се обидувавме со мотивирачки прес-конференции да ги разбудиме нашите играчи. Велевме дека од мачиња треба да станат лавови, дека нема што да се изгуби и дека со бробена и трпелива игра во нападот можеме да направиме добар резултат. Сега, на овој натпревар в недела, Металург за прв пат е фаворит и од тоа нема бегање. Изминатиот период добро работевме и подготвени ќе го дочекаме овој натпревар за да ја забележиме втората победа на домашен терен. Филип Кузмановски се враќа во тимот и тој момент го разговаравме со сите во клубот за да бидат подготвени да му ја дадат потребната поддршка“.

Марио Танкоски: “Имаме добра шанса да бидеме втори на табелата и затоа овој натпревар со Чеховски Медведи ни е најважен во Лигата на шампионите. Во Чехово лесно ги победивме, но тоа не смее да не залажува. Сепак, тие се добра екипа и нема така лесно да се предадат во Скопје. Ќе мораме да го дадеме својот максимум и да играме на победа, бидејќи мислам дека таа е достижна“.

.

Средбата меѓу Металург и Чеховски Медведи се игра в недела во ВИП Арената СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 17.00 часот.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 6