Топ Вести

Александар Јовиќ: Мораме да излеземе од резултатската и играчка криза

27.11.2017 13:08
24139808_10212535721640845_1336821902_o_resize

Металург доживеа порази во последните шест натпревари во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата и евидентно е дека се наоѓа во криза. На денешната прес-конференција, пред средбата со Татран Прешов, тоа го истакна и Александар Јовиќ.

.

Александар Јовиќ: “Очигледно е дека сме среде резултатска криза и во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата и се надевам дека со утрешниот натпревар ќе излеземе од таа криза. Од ова полошо не може да биде и искрено се надевам дека, покрај од резултатската, ќе излеземе и од играчката криза. Секој од играчите мора да даде својот максимум. Ќе се обидам да им дадам шанса на сите играчи, па ќе видиме каков ќе биде нивниот учинок. Некои од играчите свесно се форсирани за да напредуваат, но тие не го покажуваат тоа што се бара од нив, па затоа за утрешниот натпревар ќе има измени во составот“.

Костадин Петров: “Кaко што кажа тренерот, должни сме на самите себе, но и на публиката. Ќе дадеме се од себе, за да ја оправдаме довербата на клубот и на нашите навивачи“.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 3 =