Топ Вести

Александар Јовиќ: Му дадовме достоен отпор на подобриот Загреб

04.10.2017 13:08
_DSC0155

Во отсуство на Лино Червар, Металург на средбата против ППД Загреб го предводеше Александар Јовиќ, кој не беше незадоволен, по средбата.

Александар Јовиќ: “Сметам дека одигравме добар натпревар и дека и дадовме достоен отпор на екипа каква што е Загреб. Нашиот противник заслужено победи, бидејќи во моментот е и подобра и поискусна екипа од нас. Но, и ние можеме да се радуваме и да бидеме задоволни, затоа што во најголем дел од натпреварот бевме рамноправни, а во одредени периоди париравме и се враќавме од негатива и од три гола. Сепак, повредата на Кузмановски во првиот дел од средбата за нас беше преголем хендикеп. Имаме кратка клупа, на која седат и пионери,  па ни беше тешко да го одржиме наметнатиот ритам“.

Мартин Серафимов: “Како екипа, немаме многу искусни играчи, но се боревме до 50. минута. Бевме во егал, но на крајот снемавме сили. Ни недостасуваше и капитенот Кузмановски, кој се повреди. Тоа беше голем хендикеп за нас. Загреб ја напушти салата со победа, но ние сепак сме задоволни. На вакви натпревари се собира искуство, а за мене, како млад ракометар, чест е да се има минутажа и во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите. Можам само да се надоградувам. Многу е добро“.

Фото:

Прочитано 269 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 2