Топ Вести

Александар Јовиќ: Не го издржавме наметнатото темпо до крајот на средбата

06.12.2017 23:06
IMGL0503_resize

По средбата, во Цеље се одржа редовната прес-конференција на која тренерите ги дадоа своите коментари.

.

Александар Јовиќ: “Според мое мислење, Цеље заслужува место на Ф4. Денеска бевме свесни дека тие ќе сторат сé за да го забрзаат темпото. Ние се справувавме со тоа цели  40 минути, но потоа стана видливо дека повеќе немаме сили. Цеље играше паметно и постигнаа неколку лесни гола, па победникот беше одлучен. Сепак, ние се обидуваме да останеме позитивни – имаме уште три натпревари до крајот на годината, па се надеваме дека ќе успееме да освоиме некој бод и да ја докажеме нашата вредност, бидејќи Металург е голем клуб, кој има традиција и посветеност во работата и во развојот на млади играчи“.

Мартин Томовски: “Игравме добро околу 40 минути, но потоа направивме премногу грешки за да се надеваме дека ќе победиме екипа како Цеље. Тие беа доволно паметни да ги казнат сите наши грешки. Сега мораме да имаме ладни глави – наша цел е да го оставиме што подобар впечаток на  трите преостанати натпревари до крајот на годината“.

Бранко Тамсе: “Одлично го отворивме натпреварот, но потоа промашивме од неколку чисти ситуации и му овозможивме на Металург да ја намали разликата и да се врати во игра. На почетокот на вториот дел тие дури успеаа и да израмнат резултатот, но потоа конечно заигравме како што сакаме. Бевме подготвени за играта на Металург и моите играчи реагираа како што сакав. Нивните грешки беа казнети со лесни погодоци и на крајот мислам дека целосно ја заслуживме оваа победа“.

Матиќ Гросељ: “Посакувавме натпреварот да зависи најмногу од нас и од играта што ќе успееме да ја испорачаме. Кога сме во нашето најдобро издание, тешко е некој да нè спречи, а второто полувреме е најдобар доказ за тоа. Знаевме дека Металург ќе биде опасен и мотивиран од првата минута и не можевме да го скршиме нивниот отпор се до средината на второто полувреме, кога нашата одбрана почна да изгледа поцврсто. Ги принудивме да прават грешки, а ние постигнавме неколку лесни голови во нападот. Одлично е чувството да се победи“.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 5 =