Топ Вести

Александар Јовиќ: Некои ракометари не сфаќаат дека добиваат премногу шанси

25.11.2017 21:15
24116626_10212524016348220_736022842_o_resize

По средбата со Мотор Запорожје и високиот пораз, Александар Јовиќ, на редовната прес-конференција, им го честиташе успехот на гостите, но имаше и доста критики за сопствените ракометари.

.

Александар Јовиќ: “Мотор беше доминантен и во одбраната и во нападот и ја заслужи победата. Јас им посакувам среќа во наредната фаза од Лигата на шампионите. Што се однесува до нашата игра, потфрливме и во нападот и во одбраната, а имавме и многу технички грешки и избрзани напади. Криво ми е што не се боревме до крај. Да загубевме да, но на поинаков начин. Имаме млада екипа, но мислам дека одредени играчи треба да сфатат дека добиваат премногу шанса и дека е коректно тоа и да го оправдаат на терен“.

Дарко Димитриевски: “Имавме лошо отворање на средбата. Нашата тактика “7 на 6“ во нападот не донесе резултат. Не успеавме да ги наметнеме нашето темпо и игра, а очигледно е дека и играчите на Мотор дојдоа подготвени за овој дуел и одлично се снајдоа. Ни беше тешко да се вратиме во мечот, по големото заостанување, така да Мотор заслужено дојде до триумф. Овој меч се разликуваше од оној што го одигравме во Украина каде што освоивме бод, а требаше и да победиме“.

.

За разлика од нас, претставниците на гостинскиот тим беа презадоволни од исходот од средбата.

.

Патрик Ромвел: “Бевме подготвени за овој натпревар и за играта на Металург со седум ракометари во нападот. Не изненадија на првиот меч, па сега внимателно се подготвувавме. Задоволен сум од прикажаното на моите момци и од тоа што го изиграа, а оваа победа е резултат на дисциплинираната игра и на остварувањето на сето тоа што го договоривме“.

Антон Тереков: “Знаевме што не очекува на оваа средба против Металург. Имавме добра подготовка, така што влеговме сигурни во овој дуел. Имавме добра игра и заслужено се изборивме за бодовите“.

Прочитано 842 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 1