Топ Вести

Александар Јовиќ: Нерешениот резултат е и најправеден

18.12.2017 00:05
_DSC0144_resize_resize

По средбата Нексе – Металург се одржа редовната прес-конференција на која присутните новинари имаа можност да ги слушнат коментарите на учесниците на денешниот натпревар.

.

Александар Јовиќ:Тоа беше добар натпревар. Вечерва игравме одлично “седум на шест”. Имавме неколку добри минути, но такви минути имаше и екипата на Нексе. Според моето мислење, нерешениот резултат е и најправеден. Пред овој натпревар имавме некои проблеми и затоа би сакал да им честитам на моите играчи. Тие се бореа машки“.

Анте Токиќ:Тоа беше многу фер натпревар. Сакам да му честитам на тимот на Нексе, но и на сите мои соиграчи, кои дадоа сто проценти од своите можности. На крајот, двата тима можат да жалат. Ние имавме предност од три гола пред самиот крај, но Нексе го имаше последниот напад и за шанса за победа“.

Хрвое Хорват: Имавме многу проблеми во одбраната, особено кога Металург напаѓаше со седум играчи. Халил Јагањац одигра одличен натпревар, на највисоко ниво. Ако сакаме да победиме тимовите како Металург, ќе мораме да ја организираме одбраната како тврдина, а тоа денеска не го направивме. Значи, мораме да бидеме задоволни со еден освоен бод“.

Албин Етер:Би сакал да му честитам на тимот на Металург на добриот натпревар. Го заслужија освоениот бод. Другите аспекти од средбата нема да ги коментирам“.

.
.

Прочитано 515 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 1