Александар Јовиќ: Ова е победа на нашите млади ракометари

04.02.2018 20:01
_DSC0220_resize

По средбата со Војводина, која Металург ја доби со резултат 30:26 (21:9), се одржа редовна прес-конференција на која имавме можност да ги слушниме коментарите на двајцата тренери, но и на ракометарите на двете екипи.

.

Александар Јовиќ: “Оваа е победа на нашите млади играчи. И покрај сите проблеми што ги имаме во клубот, се однесуваме достоинствено и професионално. Сите ракометари се залагаа на тренинзите и тоа го покажаа и на денешниот натпревар. Имавме едно одлично полувреме, во кое направивме голема разлика, но потоа имавме и пад. На сите им дадовме шанса и победата е само нивна. Се надевам дека тоа го виде целата македонска јавност и сите што се инволвирани во ракометот, вклучувајќи ги и РФМ и АМС. Затоа,  би било жално и греота Металург да не продолжи по овој пат. Има потенцијал во овие ракометари. Имаме многу репрезентативци, вкупно 11 во младинската репрезентација, што беше шеста на изминатото СП. Имаме и тројца сениорски репрезентативци, а во иднина ќе имаме и повеќе. Мислам дека крајно време е да се решат проблемите во Металург, да можеме да останеме сите заедно и со мала надоградба да продолжиме и да бидеме уште подобри“

Филип Кузмановски: “Покажавме на терен дека на првото место ни е ракометот, а потоа финансиските работи поради кои имаме големи проблеми и се мачиме. Јас, како капитен, потенцирав во соблекувалната дека треба да го дадеме максимумот за себе. Сите што добија шанса ја искористија. Ние ја имаме најмладата екипа во СЕХА-лигата. Нашата управа мора да среди се. Не е коректно од нејзина страна. Ова вака нема да продолжи долго“.

Касим Каменица: “Честитики за тимот на Металург, за заслужената победа, на играта во првиот дел, кога тие им одржаа лекција на моите играчи и покажаа како се влегува во еден натпревар. Доминираа во сите елементи на играта, а примивме и многу голови. Се вративме во вториот дел и намаливме до некоја прифатлива разлика. Тоа што го видов денеска кај моите играчи, не е добро. Играчите на Војводина веќе не смеат да си дозволат ваков пристап, бидејќи тоа ќе се одрази на нив“.

Вукашин Стојановиќ: “Лошо го отворивме натпреварот и имавме лош пристап. Промашивме многу шутеви и зицери, поради што дојдовме до голема негатива во првото полувреме. Во вториот дел игравме добро во одбраната, а дававме и лесни голови. Така треба да изгледаме. Честитки за Металург за борбеноста“.

Фото:

Прочитано 778 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 3