Александар Јовиќ: Оваа победа е значајна за нас и за нашата самодоверба

07.03.2018 21:55
_DSC0129_resize

По натпреварот меѓу Металург и екипата на Мешков Брест се одржа редовна прес-конференција, на која своите коментари ги дадоа тренерите и избраните ракометари на двете екипи. Очекувано, тренерот на Металург Александар Јовиќ беше задоволен од успехот на нашата екипа, за разлика од гостинскиот, кој се пожали на некомплетноста на својата екипа.

.

Александар Јовиќ: “И честитам на екипата на Мешков за пласманот на фајналфорот во СЕХА и им посакувам успех во елиминацискиот натпревар против Нант во Лигата на шампионите. Долги години се учесници на фајналфор-турнирите и мислам дека оваа сезона ќе направат исчекор. Кажав дека, како тренер, ќе бидам презадоволен ако од последните три натпревари извојуваме барем една победа. Иако Брест дојде со таков состав, оваа победа е важна за нас, бидејќи ја подигаме самодовербата. Нашите ракометари на моменти правеа почетнички грешки, имавме многу лошо прво полувреме во кое не направивме ниту еден фаул, а и голманите имаа само една интервенција. Затоа пак во нападот одигравме одлично. Во вториот дел ја подобривме одбраната, почнаа да бранат и голманите, па успеавме да се одлепиме и да ја држеме предноста до самиот крај“.

Борјан Маџовски: “И благодарам на екипата на Мешков Брест за фер и за коректна игра. Во првото полувреме лошо го преземавме пикерот, а во одбраната ни недостигаше агресивност. Затоа, пак, во вториот дел ја подобривме одбраната, а ни помогнаа и голманите, па остваривме победа која ќе ни ја подигне самодовербата, особено по високиот пораз на дуелот во Велење. Ни останува малку време да се подготвиме за дуелот со Татран, на кој се надевам дека ќе се прикажеме во вистинско светло“.

Андреј Мочалов:Се најдовме во ситуација кога бевме принудени да го поделиме тимот, за да можеме истовремено да играме на две натпреварувања – во нашето домашно првенство и во СЕХА-лигата. Денешниот конечен исход е резултат на тоа. Имавме проблеми во одбраната, бидејќи немавме високи играчи. Во првото полувреме можевме да го држиме резултатот, но во второто почнавме да не ги реализираме своите добри шанси, додека, пак, Металург успеа да ги претвори сите свои шанси во голови. Секако, би сакал да му честитам на Металург за добриот натпревар“.

Љубо Вукиќ:Честитки за Металург. Денеска дојдовме со само двајца играчи во бековската линија. И покрај тоа, сметам дека, ако успеавме да ги реализираме сите свои шанси, ќе имавме тесна завршница на натпреварот, но таков е ракомет“.

.

Фото:

Прочитано 310 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 4