Топ Вести

Александар Јовиќ: Повторно ни недостасуваше добрата завршница

19.10.2017 13:49
_DSC0127_resize

По средбата со Горење се одржа редовната прес-конференција на која актерите на натпреварот имаа можност да ги кажат своите коментари.

Александар Јовиќ: “Екипата на Горење беше подобро подготвена и им честитам за победата. Тие од самиот почеток на средбата знаеја што сакаат и како да дојдат до тоа. Ние на моменти се враќавме во натпреварот, но повторно ни недостасуваше добрата завршница. Не реализиравме неколку контри, зицери, а против екипа како Горење ако не си со 100 % концентрација и максимална реализација, не можеш да победиш. Одбраната не ни беше на потребното ниво. Сега ние ќе треба да направиме добра анализа. Имаме млада екипа на која цело време треба да и се укажува дека само со борбеност може да стигне до целта. Освен колективната тактика, сите играчи треба да си направат и своја индивидуална тактика за секој натпревар посебно“.

Димитар Димитриоски: “Честитки за гостинската екипа. Кај нас пресуди слабата одбрана и промашените зицери. Сега, додека трае ЕХФ Неделата, имаме доволно време да се подготвиме за следните натпревари, да анализираме и да ги најдеме сопствените грешки“.

Жељко Бабиќ: “Ова беше одличен натпревар. Видовме борбен и динамичен ракомет. Разликата не беше толку голема колку што покажува резултатот. Имавме поголема ротација и играчите покажаа дека ја посакуваат победата. Морам да признаам дека со задоволство го гледам средбите на Металург во Лигата на шампионите и сакам да им честитам за тие настапи“.

Клемен Ферлин: “Бевме подготвени за овој натпревар против Металург. Противникот го имавме добро анализирано, а бевме свесни и за тоа дека ова ќе биде тежок натпревар. Металург има одлични голмани, а одлично игра и со ракометар плус во нападот, односно 7 на 6. Знаејќи го сето ова бевме добро подготвени за нашиот противник и денеска одигравме одлично во одбраната. Прикажавме далеку повеќе на теренот и сметам дека заслужено дојдовме до победата. Сакам да им честитам на колегите од Металург за прикажаната игра и да им посакам многу успех понатаму и во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите“.

Фото:

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 3 =