Топ Вести

Александар Јовиќ: Секогаш играме тешко, кога сме фаворити

11.12.2017 16:06
25285924_396551654108612_1408711670_o_resize

Утре Металург ја игра својата последна домашна средба во 2017 година. Се работи за натпревар од календарот на СЕХА-лигата, а наш противник ќе биде екипата на Динамо од Панчево.

Во пресрет на оваа средба, Металург денеска одржа прес-конференција на која своите коментари ги дадоа Александар Јовиќ и Александар Гуглета.

.

Александар Јовиќ: “Не очекува тежок натпревар со Динамо Панчево. Но, кога и да сме фаворити на некоја средба играме многу тешко, додека, пак, кога играме со поквалитетни екипи играме добро само 45 минути, а потоа имаме голем пад. Натпреварот против Динамо Панчево можеме да го добиеме само со дисциплинирана одбрана и брза транзиција во напад. Ќе треба да постигнуваме лесни голови во контра, во нападот да имаме дисциплина и да се знае што играме од првата до последната минута. Се надевам дека крајот на 2017 година ќе ја прославиме со победа, заедно со нашата публика“.

Александар Гуглета: “Не смееме да се опуштиме, без разлика што победивме во Панчево. Викендов и тие играа дерби-натпревар со Војводина и победија. Не смееме да се опуштаме за време на натпреварите и не смееме да дозволиме големи падови во играта. Се надевам дека ќе играме дисциплинирано, исто како што одредено време игравме против Вардар, и дека ќе славиме победа. Сакам да ги повикам сите навивачи да дојдат во салата и да помогнат, бидејќи натпреварот е од хуманитарен карактер“.

.

Овој натпревар се игра утре, со почеток во 16.15 часот, а ќе се игра во ВИП арената СЦ “Борис Трајковски“.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + 7 =