Топ Вести

Александар Јовиќ: Со беспрекорна борбеност во одбраната, до победа против Спортинг

28.09.2017 11:58
22070346_10212119193227895_166790705_o_resize

Металург денеска одржа прес-конференција, по повод претстојната средба од третото коло на Лигата на шампионите против екипата на Спортинг Лисабон. Во отсуство на Лино Червар, на прес-конференцијата своите видувања ги даде Александар Јовиќ, помошник-тренер на Лино Червар, а во името на нашите ракометари зборуваше Дарко Арсиќ, првиот голман на Металург.

Александар Јовиќ: “Фаворитската улога им ја препуштаме на португалскиот тим. Се работи за искусна екипа што игра цврсто во одбрана и што е многу опасна во нападот. Додека работев во отсуство на Лино Червар, сметам дека во еден колектив сите вработени имаат свои права и обврски. Од страна на клубот сите обврски кон нас вработените се исполнети, сега ние треба да ги исполниме нашите обврски кон клубот, кон газдата и кон публиката која не бодри на секој натпревар. Треба да престанеме со криење од типот „имавме лош ден или лошо судење“, време е да се трансформираме и од мачиња да станеме лавови. Сметам дека само така можеме да и се спротивставиме на екипата на Спортинг. Ќе мораме да бидеме беспрекорно борбени во одбрана што е предуслов за лесни голови во нападот. Ракометот е колективна игра и нема многу простор за индивидуализам. Силен колектив може да исфрли квалитетен поединец на површина, но еден поединец не може сам да го влече целиот тим напред“.

Дарко Арсиќ: “Би сакал прво да се навратам на мечот со Бешикташ. Ракометот е колективна игра, па, ако јас и соиграчите имаме ден и се оди како што треба, можеме да победуваме. За жал, против Бешикташ соиграчите немаа помош од голманите и јас целосно ја преземам одговорноста за тој пораз. Следниот меч против Спортинг е многу тежок, против себе имаме силен противник, но ниту една екипа не е премногу добра ако успеете да ја запрете и не и дозволите да доминира на теренот. Мислам дека в сабота ќе победи екипата што ќе даде повеќе од себе на теренот и верувам дека тоа ќе бидеме ние“.

Фото:

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 7