Топ Вести

Александар Јовиќ: Треба да покажеме дека заслужуваме да сме членови на Металург

10.11.2017 13:35
_DSC0069_resize

Пред малку заврши прес-конференцијата на Металург, по повод претстојниот натпревар од 7. коло на групната фаза на Лигата на шампионите, против екипата на Монпелје.

Своите коментари ги дадоа Александар Јовиќ и Мартин Томовски.

.

Александар Јовиќ: “Минатата недела, на средбата против екипата на Чеховски Медведи, покажавме како не треба да се бранат боите на еден клуб, но против Монпелје, без разлика што во Лигата на шампионите се уште нема пораз, наша обврска ќе биде да покажеме дека заслужуваме да сме членови на Металург. Да се отфрли егоизмот, да бидеме борбени, да бидеме трпеливи. Егоизмот не однесе во пропаст на претхдониот натпревар. Секако, Монпелје е апсолутен фаворит, но тоа не значи дека со борбена и со трпелива игра во напад нема да можеме да извлечиме позитивен резултат“.

Мартин Томовски: “Ни гостува екипата на Монпелје, добро позната и квалитетна екипа, која на сите позиции има одлични играчи. Сметам дека, по поразот од Чеховски Медведи, кој не ни беше во прилог, треба да и се оддолжиме на публиката за прикажаната лоша игра“.

.

Натпреварот меѓу екипите на Металург и на Монпелје ќе се одигра в недела, со почеток во 19 часот, во ВИП арената СЦ „Борис Трајковски“.

Прочитано 3 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 7