Топ Вести

Александар Јовиќ: За да се надеваме на успех против Загреб, ќе мораме да ја повториме играта од средбата со Спортинг

02.10.2017 11:24
thumbnail_DSC_3321_resize

Ден пред средбата со ППД Загреб, во рамките на петтото коло на СЕХА-лигата, Металург одржа прес-конференција на која своите размислувања ги искажаа Александар Јовиќ и Дарко Арсиќ.

Александар Јовиќ: “Утре ќе биде потешко отколку на натпреварот со Спортинг Лисабон. Загреб е квалитетна и искусна екипа, а има и многу добар тренер. Знаеме дека Загреб ќе атакува на барем една победа на овие две гостувања во Скопје. Загубија од Вардар и сигурно е дека ќе сакаат победа против Металург. Мораме да ја повториме играта од натпреварот со Спортинг, да се бориме максимално како и на претходниот натпревар, да внимаваме во нападот, бидејќи не смееме да грешиме и да промашуваме толку зицери. Ќе играме со истиот состав како и против Спортинг. Оваа сезона наша примарна цел во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите е да создаваме играчи за иднината на Металург и на македонската репрезентација. Знаете дека 90 отсто од овој тим играше во младинската репрезентација на СП во Алжир. Младите мораат да знаат како да играат на вакви тешки натпревари и да го јачаат својот карактер“.

Дарко Арсиќ: “Свесни сме дека Загреб е силна и искусна екипа. Ние мораме да ја повториме играта од Спортинг, ако сакаме поволен резултат. Очекувам да бидеме на тоа ниво. Мислам дека низ овие неколку изминати натпревари созреавме како екипа и треба да продолжиме напред. Сакам да упатам повик и до навивачите да дојдат утре во што поголем број и да ни дадат поддршка на овој тежок натпревар. Мислам дека имаме сила и енергија да одиграме уште еден натпревар како против Спортинг Лисабон“.

Фото:

Прочитано 426 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + = 15