Топ Вести

Александар Јовиќ: Задоволни сме што ја израдувавме домашната публика

12.12.2017 20:58
_DSC0200_resize

По средбата Металург – Динамо Панчево, се одржа редовната прес-конференција на која тренерите и избраните ракометари ги дадоа своите коментари.

.

Александар Јовиќ: “Среќни сме и задоволни што последниот натпревар во 2017 година на домашен терен го завршивме со победа. Одигравме не толку добро во одбрана, имавме малку и среќа, па постигнавме лесни голови од контра и од полуконтра. Бевме доста добри во нападот, игравме трпеливо и чекавме да изградиме шанса. Задоволни и среќни сме што домашната публика ја израдувавме со победа, а сега ни следи и меч со Нексе, за кој исто така ќе мораме да се подготвиме“.

Марио Танковски: “Одигравме еден добар натпревар, исто како и пред три дена со Вардар. Лошите натпревари ги оставивме зад нас, дадовме се од себе на денешната средба, па сметам дека заслужено му се радуваме на новиот триумф“.

Иван Петковиќ: “Металург денеска ја заслужи победата. Ние не игравме добро во првото полувреме и не успеавме да ги запреме нивните офанзивни намери, а тие, од друга страна, играа трпеливо и ја казнуваа секоја грешка што ние ја направивме. Српското дерби играно пред 30-тина часа, повредата на Стојановиќ … сето тоа може да биде наше алиби, бидејќи немавме време за подготовки за овој натпревар. Второто полувреме го одигравме подобро, но тоа не беше доволно за да го свртиме натпреварот. Немам време да се жалам, треба да одиграме уште еден натпревар дома, па ќе мораме темелно да се подготвиме за него.

Милош Баруџиќ:Металург одигра навистина добар натпревар. Во првото полувреме направивме премногу технички грешки, а Металург знаеше како да ги искористи. Второто полувреме беше подобро, но противниците веќе имаа стекнато преголема разлика, која ние не можевме да ја достигнеме. Во последно време имавме доста тежок распоред и очигледно немавме доволно време доволно да се подготвиме за овој натпревар“.

.

Фото:

Прочитано 61 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + = 9