Топ Вести

Бранислав Ангеловски се збогуваше со активниот ракомет

28.10.2017 21:36
o_1bti08vqv1c931dks11f01ebs5aj3o

Во спектакуларен натпревар, одигран во салата „Младост“ во Битола, од активното играње на ракомет се прости долгогодишниот репрезентативец на Македонија Бранислав Ангеловски.

Прошталниот натпревар, меѓу селекцијата одбрана од Ангеловски и Битола (комбиниран тим од ракометари на Пелистер и на Еурофарм Работник) заврши со израмнети 41:41 (22:21), а првиот и последниот, израмнувачки, гол на средбата ги постигна токму Ангеловски.

Славеникот Ангеловски постигна вкупно пет гола, а нејефикасен поединец на средбата беше Дејан Манасков со 14 погодоци. Во тимот на Битола, осум гола постигна Чантурија, а шест Орјоканидзе.

Во својата богата 25-годишна кариера, Бранислав Ангеловски одигра 159 натпревари за македонската репрезентација и постигна 392 гола во дресот на нашата земја.  По Стевче Алушовски и Кире Лазаров, Ангеловски има најмногу репрезентативни настапи. Тој беше дел од македонскиот состав што го освои петото место на ЕП 2012 во Србија, а својот последен натпревар во националниот дрес го одигра на ЕП 2014 во Данска.

На клупски план, Ангеловски во својата долга ракометна кариера ги носеше дресовите на Пелистер, Пролет, Вардар, Металург, Загреб, Винтертур, Тулуз, Ал Аин и Констанца, каде што се задржа најдолго време. Во јуни годинава тој стави крај на својата играчка кариера, но остана во Констанца, како спортски директор. Во иднина Ангеловски има намера да заплови и во тренерски води.

Сите средства собрани на прошталниот натпревар, Бранислав Ангеловски ги подари на Здружението за борба против ракот „Борка“.

Прочитано 197 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 5 =