Топ Вести

Цветановски: ЕХФ e дециден дека Обрадовиќ е играч на Металург

31.08.2017 20:27
DAR_0071_resize_resize

Продолжува неизвесноста околу Немања Обрадовиќ, нашиот најдобар ракометар во минатата сезона. Обрадовиќ е во Полска, во Висла Плок, иако има договор со Металург и за оваа сезона.

На денешната прес-конференцијата, претседателот на клубот Зоран Цветановски и тренерот Лино Червар одговорија на прашањето за статусот на овој ракометар.

Најновиот момент е од вчера и ЕХФ потврди дека Обрадовиќ има валиден договор со Металург до јуни, 2018 година. Обрадовиќ е жртва на своите лоши убедувања, како и на манипулации на менаџери, но тоа е нивен проблем. Металург останува на ставот, кој не е променет. Ние излеговме со компромисен предлог, го намаливме обесштетувањето од 50.000 евра на 35.000 евра, но и тоа е неприфатливо и за Висла и за Обрадовиќ. Вчера беа предупредени, преку писмо, дека Металург е единствениот субјект кој во целата ситуација е исправен и дека нема никаква вина од наша страна. Од она што го имам како сознание и што го читам по медиумите, таму во Белград се даваат некакви очајнички изјави. Металург никогаш не се однесувал нечовечки, особено во оваа ситуација кога на Немања му беа дадени сите услови. Тој овде беше третиран како најдобар играч, но ова сега е нивен проблем“, рече претседателот на Металург.

На арбитража може да се оди, но тие се свесни дека тоа таму нема да помине, аргументите се на страната на Металург, а втора опција е Обрадовиќ да паузира една година, што би било огромна штета за сите, а најмногу за играчот. Постои опција да се врати во Металург, тој сепак е играч на Металург, но сега работите се премногу комплицирани. Доколку тој сега се јави и дојде, ќе треба да седнеме да разговараме и да видиме што понатаму, како би се однесувале ние кон Обрадовиќ и како Обрадовиќ кон нас. Тоа во овој момент не е тема на разговор. Но, теоретски постои и таа можност“, дополни Цветановски.

Жал ми е што дојде до ова. Го примивме овде, тој дојде во март, кога му откажаа во Франција, тогаш не можеше да игра за нас. Неколку месеци го третиравме како наш, му дадовме стан, примаше плата… и сега ни е жал што ова се случи. Се согласувам со претседателот, можеби тоа сѐ е до менаџерите, сакаат набрзина да продадат нешто, да заработат пари“, рече тренерот на Металург, Лино Червар.

Прочитано 8 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 4