ДАНИЕЛ ДУПЈАЧАНЕЦ: ОЧЕКУВАВ УДАР НА ПРЕДНАТА СТАТИВА

12.10.2015 14:04
12166015_1020776207872373_994358456_n_resize

za tekst

Беше еден од нашите јунаци на вчерашната средба со Скјерн и средбата ја заврши со 18 одбранети удари. За жал, Даниел Дупјачанец не успеа да го скроти последниот удар на Јоргенсен, кој им донесе победа на својата екипа и тага кај нашите ракометари.

За жал таков е спортот и понекогаш се случуваат и такви нешта. Се се случи многу брзо, бидејќи Скјерн немаша време за калкулации. Бевме разредени поради исклучувањето на Маџовски и топката среќно стигна до Јоргенсен, кој за жал реагираше ладнокрвно. Јас се подготвив за удар на предната статива, бидејќи минута претходно му одбранив удар на подалечната, а и сметав дека тој ќе биде под притисок на времето. Меѓутоа, се случи тоа што се случи.

Овој гол малку не растажи, бидејќи бевме подобриот тим во текот на најголемиот дел од средбата и  сметам дека сме заслужиле најмалку бод од ова гостување. Поразот уште не боли, но нема место за некакво разочарување, бидејќи ни претстојат уште многу натпревари и не е ништо загубено. Мораме да бидеме горди на тоа што го направивме, особено што уште еднаш покажавме дека можеме да му парираме секому, и дека скапо ќе плати секој што има намера да не потцени или отпише“, рече Дупјачанец за нашиот сајт.

12166015_10207762071872373_994358456_n_resize

Прочитано 1.925 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 2