Топ Вести

ДАНИЕЛ ДУПЈАЧАНЕЦ: ЛУЃЕТО ВО МЕТАЛУРГ СЕ СО ПОБЕДНИЧКИ МЕНТАЛИТЕТ

03.10.2015 09:04
MJI_4343_resize

za tekst

Беше еден од најдобрите на средбата со Кадетен Шафхаузен и одбрани тогаш кога тоа најмногу требаше. Беше меѓу најдобрите и на средбата против Работнички, на чии ракометари им дозволи само 15 гола.

Даниел Дупјачанец е новото откритие на голот на Металург. Тој со своето искуство и со своето знаење и дава цврстина и сигурност на нашата одбрана.

Даниел е и скромен човек, кој одбива да си ја препише себе си заслугата за малиот број на примени голови на последните неколку средби на нашиот тим…

Металург има одлична одбрана, впрочем тоа и го краси нашиот клуб, цврстата одбрана и тимската игра. Ние сме компактен тим и секој има заслуга за ваквата игра. Нашиот тренер вели дека “тимот е најдобриот индивидуалец“ и јас мислам дека засега добро го спроведуваме тоа.

Даниел очекува Металург така да функционира и во иднина…

Очекувам нивото на нашата игра да расте од натпревар во натпревар. Ние сме млада и амбициозна екипа, но заедно сме само два месеци. Тоа значи дека секојдневно се запознаваме и навикнуваме еден на друг, но и на системот кој го практикува клубот. Овој систем, по кој работиме, гарантира подобрување на нашата игра и тоа ќе се види во нашите наредни средби.

Дупјачанец вели дека трите врзани победи максимално го подобрија расположението во екипата…

Расположението ни е на највисоко ниво. Опкружени сме со луѓе со победнички менталитет, а победите ги зголемија нашите амбиции и не тераат да работиме уште понапорно. Победничкта атмосфера се чувствува на паркетот на секој тренинг, но и во нашата соблекувална.

Даниел смета дека Металург има одлични шанси да ја мине групата…

Веќе реков – ние сме млада екипа, една од најмладите во Лигата на шампионите. Одиме постепено, чекор по чекор. Во овој момент сме фокусирани на средбата со Елверум, не очекува тежок натпревар. Неблагодарно е да се прогнозира, но, ако продолжиме да работиме со сегашното ниво и ако секој и секогаш го дава својот личен максимум, сметам дека можеме да ја минеме групната фаза.

Даниел смета дека единствениот недостаток на овој Металург е неискуството на нашите млади ракометари, особено кога се работи за средби од Лигата на шампионите…

Единствениот недостаток, ако може така да се каже, е неискуството на поголемиот дел од нашите ракометари. Затоа, пак, не води тренер кај кого искуството го има во изобилие и кој знае како да го компензира тој наш недостаток и како да го извлечи максимумот од секој наш ракометар. Тука сме и ние, малкумина постари ракометари, кои со своите совети можеме и сакаме да помогнеме.

Прочитано 1.583 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 13