Топ Вести

Данило Брестовац е новиот селектор на јуниорската и на кадетската репрезентации

06.09.2017 13:52
uo-na-rfm111

Управниот одбор на РФМ, разгледувајќи ги извештаите за настапите на националните селекции во изминатиов период, на денешната своја седница ја верификуваше својата одлука за награда на машката сениорска репрезентација за пласман на ЕП во Хрватска во висина од 40.000 евра, а донесе и одлука за парична награда од 10.000 евра за јуниорската репрезентација. Управниот одбор исто така го назначи Данило Брестовац за нов селектор на кадетската и на младинската репрезентации. Мотивите за таквата одлука лежат во Светското првенство во 2019 што ќе се одржи во Македонија и во ЕХФ Шампионатот во 2018 од каде сакаме пласман во „А“ Дивизијата.

Покрај јуниорите, со парична награда од 1000 евра е награден и досегашниот селектор Илија Темелковски.

Данило Брестовац е актуелен тренер на Ред Бојс Диферданж во Луксембург, а претходно беше дел и од стручниот штаб на сениорската репрезентација во времето на Обрван, со кого ја делеше и клупата на Шамбери.

Прочитано 7 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 3