Топ Вести

ДЕЛЧЕВО ВЧЕРА БЕШЕ ЕПИЦЕНТАР НА ДЕТСКИОТ РАКОМЕТ ВО МАКЕДОНИЈА

02.03.2015 13:53
DSC0104_resize

za tekst

Во Делчево вчера беа организирани ракометни игри со учество на школите на Академијата Металург од овој дел на Македонија. Натпреварите имаа пријателски карактер, а се одржаа во прекрасната сала на ОУ “Методија Митевски-Брицо“.

На игрите учествуваа деца од нашите школи од Делчево, Виница, Македонска Каменица и новата школа од Кратово. Децата се натпреваруваа во три генерациски категории, 2000/01 за машки и женски, 2003/4 за машки и женски, и 2004/6 за женски.

Настапија:

Астра Спорт од Македонска Каменица

РК Брегалница од Делчево

Торо Спорт од Виница

Кочо Рацин од Кратово

Резултатите беа најмалку важни, но еве ги:

Машки, 2000/1:

Астра Спорт – Торо Спорт  3:8

Брегалница – Астра Спорт 12:14

Брегалница – Торо Спорт  7:8

Женски, 2000/1:

Кочо Рацин – Торо Спорт  7:1

Торо Спорт – Астра Спорт  3:1

Кочо Рацин – Астра Спорт  6:6

Машки, 2003/4:

Астра Спорт – Брегалница  8:6

Женски, 2003/4:

Астра Спорт – Брегалница  8:3

Брегалница – Кочо Рацин  5:6

Астра Спорт – Кочо Рацин  9:8

Женски, 2004/6:

Астра Спорт – Брегалница  8:4

Кочо Рацин – Торо Спорт  7:1

Торо Спорт – Астра Спорт  3:1

Кочо Рацин – Брегалница  6:6

Игрите ги искористивме и за промоција на нашата нова школа во Кратово:

За децата подготвивме богата фотогалерија што ќе ја објавиме нешто покасно, а тренерскиот кадар ќе ви го претставиме веднаш:

По многу другарување и многу спорт, децата заминаа со автобуси во своите градови. Заминавме и ние, до некоја следна средба во некоја друга сала, во некој друг град. Така живее и се развива Академијата Металург.

 

Прочитано 454 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 16