Топ Вести

Денеска почнува Лигата на шампионите. Распоред на натпреварите

14.09.2017 14:17
19264516_10154860153418666_4777006863536695234_o

Со двата денешни натпревари, почнува јубилејната 25-та сезона на најсилната лига на светот, под името Лига на шампионите, или вкупно 53-та сезона на ова елитно натпреварување, кое порано се викаше Куп на шампионите.

Металург оваа година по деветти пат (седми едноподруго) е дел од ова натпреварување, во кое влегува со најмлад состав во лигата, со просек од 21,9 години, со што го сруши ланскиот рекорд, кога исто така бевме најмлади, но со просек од 22,7 години.

Втора сезона едноподруго ја имаме најмладата екипа во ЛШ, и како такви ќе се потрудиме да покажеме и прикажеме достојна игра, со која повторно ќе оставиме трага во ракометна Европа. Тие што ме познаваат, добро знаат дека јас сум тип тренер што не запира пред пречки какви и да се и секогаш сака нови предизвици. Сезонава го имаме најмладиот тим досега, кој ќе треба на терен да ги реализира моите идеи, визии и стратегии. Се надевам дека нивната младост, енергија, желба за победа, борба и за надигрување ќе ги вкомпонирам во една целина, која на терен ќе дејствува цврсто, борбено и моќно“, изјави Лино Червар во пресрет на првото коло на ЛШ.

.

Распоред на натпреварите на првото коло:

14.09.2017 г., 18.15 ч.:  Мотор Запорожје – Чеховски Медведи  (Д)

14.09.2017 г., 20.15 ч.:  Кадетен Шафхаузен – Елверум  (Ц)

16.09.2017 г., 16.00 ч.:  Кристијанштад – ППД Загреб  (А)

16.09.2017 г., 17.00 ч.:  Мешков Брест – Киелце  (Б)

16.09.2017 г., 17.30 ч.:  Цеље ПЛ – Веспрем  (Б)

16.09.2017 г., 17.30 ч.:  Фленсбург – Алборг  (Б)

16.09.2017 г., 17.30 ч.:  Монпелје – Металург  (Д)

17.09.2017 г., 16.50 ч.:  Скјерн – Динамо Букурешт  (Ц)

17.09.2017 г., 17.00 ч.:  Горење Велење – Адемар Леон  (Ц)

17.09.2017 г., 17.00 ч.:  Бешикташ – Спортинг  (Д)

17.09.2017 г., 17.15 ч.:  Кил – ПСЖ  (Б)

17.09.2017 г., 19.00 ч.:  Висла Плок – Вардар  (А)

17.09.2017 г., 19.30 ч.:  Нант – Пик Сегед  (А)

17.09.2017 г., 17.00 ч.:  Р.Н.Левен – Барселона  (А)

Прочитано 1.000 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 14