Денеска се игра комплетното 17. коло на македонската машка Суперлига

10.03.2018 10:54
Handball_Ball und Netz_Fotolia

Денеска, низ Македонија се игра претпоследното, 17. коло, од регуларниот дел на македонската ракометна Суперлига. Металург 2 ќе има тешка задача на гостувањето кај екипата на Тинекс Пролет.

.

Распоред:

18.00 ч.:  Тинекс Пролет – Металург 2

18.30 ч.:  Пелистер – Еурофарм Работник

18.30 ч.:  Прилеп – Охрид

19.30 ч.:  Борец – Радовиш

Слободна е екипата на Вардар Јуниор

Инаку, познати се четирите екипи, кои, заедно со Металург и со Вардар, ќе настапат во плејофот и ќе разигруваат за шампионската титула. Тоа се: Пелистер, Еурофарм Работник, Тинекс Пролет и Охрид.

Преостанатите, а тоа се Металург 2, Вардар Јуниор, Борец, Радовиш и Прилеп, ќе се борат за опстанок во лигата од која оваа сезона нема да има директно испаѓање, туку последната екипа од плејаутот ќе се бори за опстанок во лигата во бараж меч со второпласираниот тим од Првата лига.

Прочитано 149 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 13