Топ Вести

Добриот Металург 2 сепак поразен од Пролет

14.05.2017 17:29
_DSC0328_resize

Во натпревар од плејаут-фазата екипата на Металург 2 загуби на гостувањето кај екипата на Пролет, со резултат 34:28 915:16).

Тоа беше натпревар во кој Металург 2 храбро се впушти во битка за нови првенствени бодови и долго време беше блиску до остварување на таа цел. Нашите ракометари беа подобри во текот на целото прво полувреме во кое водеа и со три гола разлика, 3:6, но го завршија со минимална предност од еден гол, 15:16.

За жал, второто полувреме од самиот почеток навести промени. Домашните ракометари заиграа поамбициозно, а нашите почнаа да грешат. Кобна за нашиот тим беше серијата на Пролет од 5:0, за водство со резултат 21:17. Пролет дојде до предност која не ја испушти до самиот крај, а највисокото водство на противникот изнесуваше 8 гола, 28:20.

Пролет – Металург 2  34:28 (15:16)

Пролет: Ф.Василевски 3, Аларов 4, Николовски, Лефковски, Мајнов 4, А.Василевски 4, Ролевски 3, Коруновски, Лубевски, К.Василевски, Кимевски, Огњановски, Џонов 4, Дамчевски, Андоновски и Стојановски 4.   Седмерци: 1/2.   Исклучувања: 8 минути.

Металург 2: Матијашиќ 2, Лазаревски 5, Шулевски, Младеновиќ 1, Палковски 1, Гошевски, Стојменов, Шилегов 6, М.Петковски, Лембанов, Танкоски 10, Смилевски 1, Б.Петковски, Серафимов 2, Божиновски и Прцуловски.   Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје.

Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 9