Топ Вести

Доброгеа Суд, со петмина поранешни ракометари на Металург, го освои Супер Купот на Романија

26.08.2017 21:47
konstanca-(1)

Екипата на Доброгеа Суд, поранешна Констанца, го освои Супер Купот на Романија, откако го совлада тимот на Динамо Букурешт, со резултат 28:27.

Интересно, во Доброгеа Суд настапуваат дури петмина поранешни ракометари на Металург: Велко Маркоски, Никола Митревски, Младен Ракчевиќ, Немања Младеновиќ и Стеван Вујовиќ.

Доброгеа Суд оваа сезона ќе атакува на двете романски титули, но ќе се обиде и во ЕХФ Купот, каде ќе се натпреварува од второто коло.

Прочитано 2 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 2