Топ Вести

Едно добро полувреме недоволно за успех против Вардар

10.12.2017 00:08
DAR_74350_resize

Вечерва во спортската сала “Јане Сандански“ се одигра македонското ракометно дерби, кое заврши со победа на актуелниот европски и македонски шампион, кој не совлада со резултат 31:24 (12:14).

Иако играа против реално посилен противник, нашите ракометари пријатно изненадија со перфектната игра во текот на целото прво полувреме. Се чини дека нашиот тренер Александар Јовиќ успеа да го изненади својот колега на клупата на Вардар. Металург одигра полувреме без грешки, што резултираше со континуирано водство во текот на сите 30 минути на првиот дел. Но, супериорната игра во првиот дел, кога во еден наврат Металург водеше и со четири гола предност, 9:13, беше недоволна за успех против екипата на Вардар.

Имено, Металург се спротивставуваше се додека имаше сили, а потоа, како и на многу други натпревари, нагло падна и му дозволи на противникот да направи комплетен резултатски пресврт. Вардар првпат израмни во 38. минута, 16:16, а поведе во 39. минута, со 17:16. Од тој момент, па се до крајот на средбата, играта ја контролираше домашната екипа, која постепено создаде и убедлива предност.

.

Вардар – Металург  31:24 (12:14)

Вардар: Штербик (8 одбрани), Ѓоргевски (2 одбрани), Стоилов, Недановски, Поповски 2, Кристопанс 2, Мораеш, Македа 1, Карачиќ 2, Абутовиќ, Кањељас, Циндриќ 2, Дибиров 10, Шишкарев 5, Борозан 7 и Марсениќ.   Седмерци: 6/8.    Исклучувања: 6 минути.

Металург: Арсиќ (9 одбрани), Томовски, Петров 1, Јагањац 4, Димитриоски 1, Токиќ 1, Танкоски 1, Серафимов 1, Кузмановски 3, Илиќ, Велковски 2, Пешевски 4, Палевски, Гуглета 5, Димитриевски и Арсеновски 1.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 2 минути.

Прочитано 531 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 1