Топ Вести

Едно полувреме доволно за победа над Војводина

04.02.2018 19:26
MJI_9712_resize

Металург го доби првиот натпревар во новата календарска година и, со победа над Војводина, освои нови бодови во СЕХА-лигата.

Иако настапи без четворицата ракометари, кои заминаа за време на зимската пауза, како и без Жарко Пешевски, кој се пожали на повреда на зглобот, Металург и одржа вистинска ракометна лекција на екипата на Војводина и веќе по првите 30 минути имаше предност од цели 12 гола, 21:9. Металург играше неверојатно брзо и многу ефикасно, а младите ракометари на нашиот тим буквално го торпедираа голот на Војводина, искусно искористувајќи ги сите грешки на противникот. Особено во овој дел се истакна нашиот млад голман Мартин Томовски, кој одбрани 9 удари.

Многу рано, уште во 13. минута имавме предност од 7 гола, 13:4, а првпат двоцифрена предност стекнавме во 21. минута, кога Токиќ погоди за 15:5.

Високата предност стекната во првото полувреме делуваше демотивирачки на ракометарите на Металург, кои многу лабаво му пристапија на второто полувреме. Лошата игра во овој период ја искористија ракометарите на Војводина, кои постепено ја стопија нашата убедлива предност и на крајот стигнаа до прифатлив пораз со разлика од само 4 гола, 30:26.

.

Металург – Војводина  30:26 (21:9)

Металург: Томовски (9 одбрани), Даниловски (3 одбрани), Маџовски, Јагањац 8, Димитриоски 2, Токиќ 2, Шилегов 1, Танкоски 1, Серафимов 3, Кузмановски 3, Илиќ 3, Велковски 2, Палевски 1, Гуглета 1, Лазаревски 1 и Арсеновски 2.   Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 4 минути.

Војводина: Јандриќ (2 одбрани), Веркиќ (7 одбрани), Милиќ, Симовиќ 3, Чагаљ 1, Остојиќ 2, Стојановиќ 1, Надовеза 4, Јовановиќ 3, Вучковиќ 1, Ратковиќ 1, Трифковиќ 3, Радичевиќ, Бојаниќ 3, Грозданиќ и Радовиќ 4.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 4 минути.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 12