Топ Вести

Еве ги составите на Бешикташ и на Металург за денешната средба

18.11.2017 11:38
GIL_7821_resize_resize

Во 14 часот по македонско време во Измит ќе се одигра средбата од 8. коло на групната фаза на Лигата на шампионите, меѓу екипите на Бешикташ и на Металург.

Ова е втор дуел меѓу овие две екипи во тековната сезона во Лигата на шампионите. Како што е познато, првиот натпревар, одигран во Скопје, му припадна на тимот на Бешикташ, кој славеше со резултат 31:27 (14:14).

.

Веќе се познати и составите со кои двете екипи ќе истрчат на теренот:

Бешикташ: Демирезен, Доне, Ерсин, Гунај, Хендави, Каратај, Кесер, Крсманчиќ, Лазаров, Нуиќ, Озбахар, Прибак, Радојковиќ, Томиќ и Вражалиќ.

Металург: Арсиќ, Томовски, Анџелиќ, Арсеновски, Димитриевски, Гуглета, Илиќ, Јагањац, Кузмановски, Палевски, Пешевски, Петров, Серафимов, Танкоски, Токиќ и Велковски.

Судии: Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ од Австрија.

Делегат: Небојша Вујисиќ од Црна Гора

Прочитано 527 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 11