Топ Вести

Филип Кузмановски утре ќе биде опериран

01.12.2016 19:44
MJI_5913_resize

Филип Кузмановски, суперталентираниот ракометар на Металург и македонски репрезентативец, фрактурата на третата метакарпална коска на десната дланка ќе мора да ја санира со оперативен зафат, кој ќе се изврши утре во клиниката за ортопедија “Билиќ Визион“ во Загреб, а ќе ја изведе проф. др. Ранко Билиќ.

Кузмановски беше комплетно испитан во Првата приватна болница “Ре Медика“ Скопје од страна на др Боро Илиев, кој е и клупски лекар на Металург, а овие резултати беа целосно потврдени и во клиниката во Загреб. Сметајќи дека се работи за шутерската рака на млад ракометар, кој е на почеток на својата кариера, решено е оперативниот зафат да го изврши водечкиот европски специјалист за повреди на дланката Ранко Билиќ, кој своевремено ја оперираше и раката на Лино Червар, по неговиот несреќен пад во салата во Автокоманда.

Кузмановски ќе биде опериран утре, а очекуваната пауза е седум до осум недели, што значи дека тој нема да биде во состојба да и помогне на македонската репрезентација на СП во Франција.

Прочитано 8.379 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 − = 0