Топ Вести

Филип Кузмановски во изборот за најдобар млад спортист на град Скопје за 2017 г

25.12.2017 14:35
26104961_10212742828778394_57438827_o_resize

Традиционално, и оваа година Градот Скопје и Сојузот на спортски федерации на Македонија ги наградија најуспешните спортисти на Скопје за 2017 година, односно ги избираа најуспешните 10 спортисти во сениорска категорија (жени и мажи), најуспешните 5 спортисти во младинска категорија (жени и мажи), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.

Капитенот на Металург, Филип Кузмановски, е избран како втор најдобар спортист во младинска категорија, веднаш зад Петар Заборски, каратистот на Макпетрол. Преостанатите млади спортисти се Моника Пендаровска од карате клубот Макпетрол, Елмедин Сејфулаху од боречкиот клуб Лирија и Хамза Јашари од џудо клубот Миоки.

Фото:

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 1 =