Топ Вести

ФИЛИП ТАЛЕСКИ, РАКОМЕТАР ЗА КОГО СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ЗБОРУВА

16.06.2014 16:25
10379505_536485826455592_4193141430020868829_o_resize

za tekst

Кога на 18-ет години предизвикува овации во преполната сала, кога неговото име го скандираат илјадници фанови – тогаш секако се работи за ракометар со вонсериски талент. Таков е Филип Талески, голобрадото момче од Крушево, вистински изданок на ракометната школа на Металург, ракометар кој за кратко време прерасна во вистински миленик на македонската спортска јавност. Тој веројатно е уникатен пример во европскиот ракомет, бидејки истовремено е кадетски, младински и сениорски репрезентативец на својата земја.

Во составот на македонската сениорска репрезентација дебитираше во Атина, но текот на натпреварот не дозволи активно да им помогне на своите постари и поискусни колеги. Затоа, пак, настапи на вчерашната средба во Скопје и ги постигна своите први два гола за националниот тим.

Филип моментално се одмара во родно Крушево, но ги сподели со нас импресиите од вчерашниот меч.

– Какви совети доби од селекторот Обрван пред да те пушти на терен ?

– Селекторот ми пријде и ми кажа да се подготвам. Ми кажа да не се плашам, да бидам опуштен и, ако ми се пружи можност, да шутирам кон противничкиот гол.

– На почетокот се чувствуваше трема во твојата игра. Ја имаше ли ?

– Пред натпреварот немав никаква трема, но кога влегов бев стаписан од реакцијата на публиката. Очекував дека ќе ми дадат поддршка, очекував некакви аплаузи, но такво скандирање, такви овации секако дека не сум очекувал. Ми се врзаа нозете. За среќа траеше кратко, а потоа ме понесе играта.

– Не те поколеба ли првиот шут, кој не заврши во мрежата на противникот ?

– Уф, многу се изнервирав, ми беше криво. Но, веднаш ја добив поддршката од своите соиграчи, заборавив на првото промашување и за среќа, ете, постигнав два гола.

– И, што ти помина низ главата откако го постигна првиот гол ?

– Прво што осетив е каменот што ми падна од плеќи, бев презадоволен што, ете, ја оправдав довербата на селекторот. Бев радосен и горд, а низ телото ме полазија морници, чувство што го имав и на средбата против екипата на Кил. Сигурно нема да ги заборавам овие два гола, први во мојата репрезентативна кариера.

– Пред тебе е тешко лето, бидејки ќе настапиш на јуниорското, а потоа и на кадетското првенство на Европа, а згора на се ќе тренирааш и во првиот тим на Металург. Како ќе се справиш со толку многу обврски ?

– Ќе се справам, јас сум млад и имам доволно сили. Сакам нови предизвици и сигурен сум дека ќе го дадам својот максимум, дека ќе успеам да ги извршам задачите што ќе ми бидат поставени. Однапред им се радувам на сите тие напревари, и, морам да признам, одвај чекам да излезам на терен.

– Млад си, а веќе многу се зборува за тебе. Ти годи ли популарноста, се носиш ли со тоа ?

– Ми годи, секако ми годи. Но се обидувам цврсто да стојам на земја и да не дозволам тоа да ме понесе. Ми се чини дека засега добро се справувам.

– Каде се гледаш себе си во следните неколку години ?

– Се гледам во Металург, друг клуб за мене засега не постои. Очекувам со тек на време да добијам поголема минутажа и очекувам да ми се исполни уште еден сон – редовно играње во Лигата на шампионите. Секако, очекувам дека ќе се изборам и за постојано место во македонската сениорска репрезентација.

Прочитано 5.518 пати

(5) Коментари

  1. idnata Legenda na Makedonskiot rakomet ,voedno i na Metalurg- FILIP TALEVSKI

  2. ke moze da se pustat golovite na Taleski

  3. Браво дечко, во младинската репрезентација делуваше самоуверено, сигурно, имај ги тие карактеристики и во сениорската репрезентација, ти претстои одлична кариера Ти имаш квалитети да бидеш ракометн ѕвезда. Ќе се гордее Македонија со тебе.

  4. Браво Филип. Публиката во салата беше со тебе и кога не даде гол од првиот обид. Сите го скандираа твоето име и ти дадоа подршка. Затоа само храбро. Македонија се гордее со тебе

  5. So Filip i so Marko Neloski Makedonija ke gazi!!!!!!!!!!!

Напиши одговор на Borko Откажи одговор


5 − 3 =