Топ Вести

(Фотогалерија) Ден на заминувања, но и доаѓања

22.06.2016 01:32
13467359_107526526344461_505047451_o

Брзо минуваат деновите, особено ако сте во кампот на Металург.

Заврши првата смена и дојде време за збогувања. Многу солзи, многу ветувања во вечното пријателство, последни погледи кон стекнатите симпатии, последна размена на телефонски броеви…

Првата смена заврши, а автобусите со децата се упатија кон Скопје, Кавадарци, Македонска Каменица, Кочани, Кратово и Виница.

До следното лето деца! До следниот камп!

Но, не остана долго празен нашиот камп, бидејќи пристигнаа нови автобуси, од други градови, со нови деца. И повторно хотелот живна, и повторно се разнесе детскиот џагор.

Почна втората смена. Добредојдовте деца!

Прочитано 908 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 5