Топ Вести

Франција е сепак пресилна

28.07.2017 16:29
20368901_1204533642984137_1971258289918480069_o

Јуниорската репрезентација на Македонија е сопрена во четврт-финалето на СП во Алжир. Нашите млади ракометари немаа сили да направат ново чудо и да ја елиминираат Франција.

Македонија на првенството во Алжир немаше среќа со распоредот. Најпрво бевме дел од најсилната група од која сите четири репрезентации станаа дел од четврт-финалето и влегоа во топ-8 репрезентации на светот, а потоа за противник ја добивме Франција. Македонија го забележа третиот пораз, но да не заборавиме – загубивме од европскиот шампион Шпанија, од светскиот шампион Франција и од за нас секогаш незгодниот Тунис.

Франција беше подобриот противник во текот на целата средба, но Македонија долго беше во игра и се спротивставуваше онолку колку што можеше и имаше сили, по тешката битка со Алжир од претходниот ден.

Првото полувреме заврши со предност од пет гола за светскиот шампион, а во вториот дел успеавме во два наврати да се доближиме на растојание од три гола. Сепак, заморот не стигна во последните десет минути од средбата во кои Франција и ја направи најголемата разлика.

Македонија сега ќе разигрува за пласман од 5 до 8 места, а наш прв противник ќе биде репрезентацијата на Русија, која еднаш веќе ја совладавме во групната фаза. Оваа средба се игра в сабота, со почеток во 13.30 часот.

Франција – Македонија  33:17 (14:9)

Македонија: Томовски (12 одбрани), Даниловски, Лазаревски 3, Димитриоски 1, Јагуриновски, Нелоски 1, Танкоски 1, Велковски 3, Шилегов 1, Петровски 1, Талески 4, Кузмановски 2, Крстевски, Џонов, Палевски и Арсеновски.    Седмерци: 0/1.    Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 2 =