Топ Вести

ФУКСЕ БЕРЛИН Е ВО ПОТРАГА ПО НОВ ТРЕНЕР

01.12.2014 14:22
dsc04354_resize

za tekst

Германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин е во потрага по нов шеф на стручниот штаб. Сегашниот тренер Дагур Сигурдсон е назначен за селектор на германскиот национален тим и тој веќе најави дека својата двојна улога ќе ја практикува само до крајот на тековната сезона.

Затоа, менаџерот на екипата, Боб Ханинг, ја почна потрагата по нов тренер на Фуксе Берлин. Според зборовите на Ханинг, паралелно се преговара со дури 16 тренери, а веќе има и еден негативен одговор. Имено, понудата ја одби Хуан Карлос Пастор, кој има важечки договор со екипата на Пик Сегед и кој е задоволен со својата позиција во тимот на унгарскиот вицешампион. Меѓу другите, преговори се водат и со Исланѓанецот Ерлингур Ричардсон и Германецот Маркус Баур.

Боб Ханинг се надева дека нов тренер ќе најде до почетокот на СП во Катар.

Прочитано 437 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 9