Топ Вести

Халил Јагањац е првиот во Металург што ја мина границата од 100 гола во сезонава

13.12.2017 20:13
MJI_8539_resize

halil-1_resize_resizeХалил Јагањац е првиот од ракометарите на Металург, кој во тековната сезона постигнал повеќе од 100 гола во натпреварите од Лигата на шампионите и од СЕХА-лигата, натпреварувања во кои настапува нашиот клуб. Јагањац, кој во Металург дојде од ПСЖ и кој ја игра својата прва сезона во нашиот клуб, а според договорот ќе ги има три, е подеднакво ефикасен во двете лиги, со постигнати 52 и 54 гола. Јагањац моментално е деветти стрелец во Лигата на шампионите и втор стрелец во СЕХА-лигата.

6B2F3304_resize_resizeВтор стрелец во Металург е Жарко Пешевски, кој постигна вкупно 72 гола и кој ја игра својата најдобра сезона во нашиот клуб.

.

6B2F3341_resize_resizeПрвата тројка ја комплетира капитенот Филип Кузмановски, со постигнати 68 гола. Кузмановски веројатно ќе имаше и поголем ефект, доколку, поради повреда, не паузираше на неколку натпревари.

.

.

Сите стрелци на Металург во досегашниот тек на сезоната 2017/18:

  Лига на шампионите СЕХА-лига Вкупно
Ракометар Натпр. Голови Натпр. Голови Натпр. Голови
Халил Јагањац 10 52 11 54 21 106
Жарко Пешевски 10 30 10 42 20 72
Филип Кузмановски 8 31 10 37 18 68
Божо Анџелиќ 10 32 10 35 20 67
Вања Илиќ 10 29 9 20 19 49
Александар Гуглета 9 23 9 17 18 40
Мартин Велковски 10 16 11 20 21 36
Анте Токиќ 10 9 11 21 21 20
Давор Палевски 10 15 9 4 19 19
Костадин Петров 9 6 9 8 18 14
Дарко Димитриевски 10 7 10 4 20 11
Мартин Серафимов 7 4 9 7 16 11
Марио Танкоски 8 5 11 6 19 11
Филип Арсеновски 7 2 7 4 14 6
Димитар Димитриоски 0 0 2 5 2 5
Мице Шилегов 1 0 2 3 3 3
Јануш Лапајне 2 1 3 1 5 2
Стефан Дрогришки 3 0 4 1 7 1
Милан Лазаревски 1 0 3 0 4 0
Прочитано 270 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 6 =