Топ Вести

Хрвое Хорват: Лино Червар уште еднаш покажа дека може да “извлече“ 150 проценти од својот тим

10.09.2017 21:59
_DSC0249_resize

На вечерашната прес-конференција, по средбата меѓу Металург и Нексе, тренерот на гостинскиот тим искажа почит кон работата на Лино Червар.

Хрвое Хорват:Пред се, сакам да му честитам на Металург, а особено на тренерот Червар, кој уште еднаш покажа дека може да “извлече“ 150 отсто од своите играчи. Ние знаевме дека тие ќе играат агресивна одбрана и дека ќе се обидат да го наметнат своето темпо. Чувствувам дека некои од моите играчи имаа преголем респект кон Металург и кон тренерот Червар, и дека играат под притисок против Металург. Нивната дисциплина во нападот и агресивноста во одбраната беа клучни на денешниот натпревар. Сега мораме да продолжиме да тренираме, а на Металург му благодарам што ги направи видливи сите наши слабости денеска“.

Марин Сипиќ: “Заслужена победа на Металург. Денеска очигледно бевме послабиот тим на теренот, особено кога Металург играше силна одбрана. Од друга страна, ние киксиравме во нашата одбрана, која не беше добра, и дозволивме да постигнат премногу голови. Нашата одбрана беше едноставно премногу широка. Повторувам, Металург денеска заслужено победи“.

Фото:

Прочитано 108 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 3