Топ Вести

И црногорскиот селектор Ѓукиќ го објави поширокиот список за ЕП во Хрватска

05.12.2017 17:34
seniori

Црногорскиот селектор Драган Ѓукиќ го објави поширокиот список со имињата на 28 ракометари, со кои ќе ги почне подготовките за ЕП 2018 во Хрватска, кое ќе се игра во период од 12 до 28 јануари.

Црна Гора е дел од групата “Ц“, која своите натпревари ќе ги игра во Загреб, а во која уште се и Македонија, Германија  и Словенија.

.

Списокот на селекторот Ѓукиќ:

Голмани: Небојша Симиќ (Мелсунген), Раде Мијатовиќ (Мешков Брест), Миле Мијушковиќ (Бенидорм), Миљан Вујовиќ (Горење Велење).

Крила: Милош Вујовиќ (Татабања), Мирко Мајиќ (Радовиш), Милан Поповиќ, Игор Марковиќ (Спорт 36 – Комло), Марко Ласица (Политехника Тимисоара), Мирко Радовиќ (Чегледи), Лука Радовиќ (Војводина), Игор Радојевиќ (Естерхази)

Бекови: Вуко Борозан (Вардар), Милош Божовиќ (Татабања), Стеван Вујовиќ (Доброгеа Суд), Даниел Вукичевиќ, Божо Ангелиќ (Металург), Жарко Пејовиќ (Горење Велење), Васко Шеваљевиќ (Трембле), Богдан Петричевиќ (Анталиаспор), Владан Липовина (Хутенберг), Стефан Чавор (Вецлар), Иван Перишиќ (Чегледи)

Пикери: Немања Грбовиќ (Чегледи), Вук Лазовиќ (Дунареа), Младен Ракчевиќ (Доброгеа Суд), Небојша Симовиќ (Дабас КС), Марко Чампар

Црна Гора е вториот противник на Македонија во групната фаза, а оваа средба ќе се игра на 15 јануари.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 12