Топ Вести

И германскиот селектор Прокоп го објави поширокиот список за ЕП во Хрватска

05.12.2017 15:34
20819452_1254250094687312_2422808117963519583_o

Германскиот селектор Кристијан Прокоп го објави поширокиот список со имињата на 28 ракометари за ЕП во Хрватска, кое ќе се игра во период од 12 до 28 јануари.

Германија е дел од групата “Ц“, која своите натпревари ќе ги игра во Загреб, а во која уште се и Македонија, Црна Гора  и Словенија.

.

Списокот на Кристијан Прокоп:

Голмани: Силвио Хајневетер (Фуксе Берлин), Андреас Волф (Кил), Јоханес Битер (Штутгарт) и Карстен Лихтлајн (Гумерсбах).

Крила: Уве Генсхајмер (ПСЖ), Руне Дамке (Кил), Марсел Шилер (Гепинген), Патрик Грецки (Рајн-Некар Левен), Тобијас Рајхман (Мелсунген), Тим Хорнке (Лемго)

Бекови: Фин Лемке (Мелсунген), Максимилијан Јанке (Лајпциг), Џулуис Кун (Мелсунген), Пол Друкс (Фуксе Берлин), Маријан Михалчик (Минден), Штефан Фат (Фуксе Берлин), Филип Вебер (Лајпциг), Тим Кнојле (Гепинген), Никлас Пиецковски (Лајпциг), Каи Хефнер (Хановер), Фабијан Вајде (Фуксе Берлин), Штефан Вајнхолд (Кил), Франц Семпер (Лајпциг).

Пикери: Патрик Винчек (Кил), Хендрик Пекелер (Рајн-Некар Левен), Јаник Колбахер (Вецлар), Ерик Шмит (Фуксе Берлин), Бастијан Рошек.

Првата прозивка Прокоп ја планира на 28 декември. Ракометарите најпрво ќе бидат заедно два дена, а потоа со тренинзи ќе продолжат на 2 јануари. На 5. и на 7 јануари Германија ќе одигра две пријателски средби против Исланд. Завршните тренинзи Германците ќе ги имаат на 10 јануари во Берлин, а следниот ден ќе патуваат за Загреб.

Германија е последниот противник на Македонија, а оваа средба ќе се игра на 17 јануари.

Прочитано 87 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 7 =