И официјално: Фајналфорот на СЕХА-лигата ќе се игра во Скопје

08.03.2018 12:54
2624_1458219194

Завршниот турнир на СЕХА-лигата во седмата сезона од ова регионално натпреварување ќе се игра во салата “Јане Сандански“ во Скопје, со што главниот град на Македонија е единствен кој двапати ја доби довербата да организира фајналфор-турнир на СЕХА-лигата.

Досега организатори на завршницата на СЕХА-лигата беа: Загреб, Скопје (вторпат), Вараждин, Нови Сад, Веспрем и Брест.

Фајналфор-турнирот ќе се игра во период од 13 до 15 април, а познати се и сите учесници: Вардар, Загреб, Мешков Брест и Цеље ПЛ. Полуфиналните двојки ќе се знаат по завршувањето на регуларниот дел од натпреварувањето, а ќе се одредат според пласманот, 1-4 и 2-3.

Во досегашните шест сезони, трипати победничкиот пехар го освои Вардар, двапати Веспрем, а еднаш шампион беше и екипата на Загреб. Екипите на Вардар и на Загреб се единствени што настапија на сите досега одиграни завршници во СЕХА-лигата, а ќе бидат дел од фајналфорот и во оваа сезона.

.

Големо задоволство и чест е да објавиме дека 7. издание на Ф4 турнирот повторно ќе биде во Скопје, Македонија. Задоволни сме Ф4 турнирот да биде во Скопје по вторпат, откако Вардар е европски и СЕХА првак. Вардар има долга и успешна ракометна историја и лани освоија сѐ што еден клуб може да освои во една сезона, и сигурни сме дека македонските фанови ќе уживаат во најдобриот ракомет во регионот и дека трибините ќе бидат полни. Ќе дадеме сѐ од себе да го организираме настанот на највисоко ниво и сигурни сме дека тимовите што се натпреваруваат на Ф4 ќе го покажат најдоброто. Нека победи најдобриот“, изјави Синиша Остоиќ, директорот на СЕХА Газпром лигата.

Прочитано 207 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + 6 =