Топ Вести

И ОФИЦИЈАЛНО – ХАСЛУМ ДОМАЌИН НА КВ. ГРУПА 2. МЕТАЛУРГ ЌЕ ПАТУВА ВО НОРВЕШКА

17.07.2012 15:27
CL_Velux_Logo_Horizontal_CMYK_p1_resize

Веќе нема никакви дилеми околу организаторот на квалификациската група во која ќе игра и Металург. Тоа е екипата на Хаслум. Ова е и официјално потврдено од канцеларијата на ЕХФ.

Со тоа е ставен крај на двонеделните очекувања и нашата надеж дека во последен момент ќе ја добиеме организацијата. Хаслум извесно време калкулираше, бараше и сала во која ќе го организира турнирот со оглед дека нивната не одговара на прописите на ЕХФ. Пред 5 дена генералниот менаџер на Хаслум, Кристофер Клевен Моен, за локалниот весник изјави дека ја прифаќаат организацијата но, еве, беа потребни уште неколку дена за да тоа биде и официјално потврдено од ЕХФ.

Металург ќе патува во Норвешка !

Еве ја официјалната листа на организатори:

Организатор на квалиф.група 1:  РК Партизан (Србија)

Организатор на квалиф.група 2:  ХК Хаслум (Норвешка)

Организатор на квалиф.група 3:  ХЦМ Констанца (Романија)

Организатор на квалиф. вајлд карта турнир:  Сент Рафаел (Франција)

Бараж дуелот помеѓу Бешихташ (Турција) и Динамо Минск (Белорусија) ќе се игра прво во Истанбул а реваншот во Минск.

Прочитано 523 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 3