Топ Вести

И ПОВТОРНО ЗАГУБИВМЕ НАТПРЕВАР, КОЈ ДОЛГО ГО ИМАВМЕ В РАЦЕ

13.11.2015 04:28
AND_9542_resize

Навистина нема крај малерозната низа на наши порази во Лигата на шампионите, загубивме четири едноподруго средби, со вкупна разлика од само шест гола. Средбата со Мотор Запорожје е уште една од тие што можеа да завршат со поинаков резултат.

Тешко дека може да и се најде замерка на нашата игра во првото полувреме, освен, можеби, што тоа полувреме заврши со наша предност од само три гола, 12:9. Одигравме одлично и во одбраната и во нападот и целосно ја имавме контролата и врз играта и врз резултатот. Водевме од самиот почеток, најпрво со два, а потоа со три, па и со четири гола разлика. Корпулентните гостински ракометари никако не успеваа да дојдат до позиција за шут кон голот на одличниот Дупјачанец. Се чинеше дека се е во најдобар ред и дека победата е на дофат на раката.

Но, потоа дојде второто полувреме и еден сосема друг Металург. Се што важеше во првиот дел, престана да важи во вториот. Нашата одбрана стана порозна, а нападот тром и безидеен. Како што рече Лино Червар на прес-конференцијата по средбата, најмногу потфрлија искусните ракометари, кои делуваа беспомошно, а требаа да бидат носители на играта. За 21 минута од вториот дел постигнавме само четири гола, а примивме дури единаесет, па нашето водство од три гола се претвори во негатива од четири, 16:20. Металург најдобро одигра на самиот крај од второто полувреме, кога успеа да ја анулира високата предност на гостинскиот тим, но недостасуваше и малку среќа за да се направи целосен пресврт.

Мотор Запорожје замина со двата бода, а нам ни остана горчината од сознанието дека се можеше да биде и поинаку.

Металург – Мотор Запорожје  21:23 (12:9)

Металург: Дупјачанец, Вуковиќ, Божовиќ 5, Бувиниќ 1, Костески 1, Кукоски, Кузмановски, Маџовски 2, Матиќ 1, Мраковчиќ 2, Палевски 1, Пешевски 3, Петров, Шпилер 3, Талески 2 и Велковски.   Седмерци: 1/3.     Исклучувања: 12 минути.

Мотор Запорожје: Бурка 1, Денисов 2, Донцов, Дорошчук, Калараш, Комок, Кошовиј, Сапун, Козакевич, Кубатко 3, Куриленко 3, Пуховски 5, Шелменко 7, Шевелев 2, Жук и Жуков.    Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 8 минути.

Прочитано 1.145 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 15