Топ Вести

И РФМ најави награден паричен фонд за успех на ЕП во Хрватска

12.01.2018 11:25
Seniori-reprezentacija-bela-pozadina-so-logo

По вчерашните информации за огромната награда од 250000 евра што ќе ја добие секој германски репрезентативец за освоено злато на ЕП во Хрватска, стигнаа најави дека и нашите избраници ќе бидат наградени за секој успех постигнат во Хрватска.

Имено, на завршниот состанок на управата и на стручниот штаб на РФМ со македонските репрезентативни, непосредно пред поаѓањето за Хрватска, претседателот на РФМ Живко Мукаетов најави парични премии за настапите на претстојниот континентален собир.

Мукаетов најави вкупна премија од 30.000 евра, доколку нашиот национален тим ја мине групната фаза на ЕП, а доколку стигне до едно од првите шест места на турнирот премијата ќе изнесува 60.000 евра. Доколку, пак, Македонија успее да стигне до полуфиналето, ветени се и дополнителни 40.000 евра. Во тој случај македонските репрезентативци би поделиле вкупно 100.000 евра.

По исполнување на некој од горенаведените услови, споменатите предлози за парични премии ќе му бидат дадени на верификација на УО на РФМ.

Сениорската репрезентација на Македонија од вчера е во Загреб, каде веќе го одработи и првиот тренинг. Првиот меч нашите ракометари ќе го играат против селекцијата на Словенија. Оваа средба ќе се одигра утре, со почеток во 19.30 часот.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 8 =