Топ Вести

ИНТЕРВЈУ НА ПАВЕЛ АТМАН ЗА САЈТОТ НА ЕХФ

14.02.2014 15:30
DAR_2074_resize

rk-metlurg-logo_final_resize

Интервјуто е преземено од официјалниот сајт на ЕХФ.

По три години минати во Динамо Минск, Павел Атман се враќа во главниот град на Белорусија, првпат во боите на Металург. Го очекува натпреварот од ВЕЛУКС Лигата на шампионите, кој е прогласен за меч на неделата (недела, 16 февруари, во 14 часот по македонско време).

Непосредно пред заминувањето за Минск, Атман даде интервју во кое зборува за времето минато во својот поранешен клуб, за животот во Скопје и за своите очекувања од тековната сезона во Лигата на шампионите.

ЕХФ: Какви ви се чувствата пред заминувањето во Минск, каде настапувавте во последните неколку сезони?

Павел Атман: Имам само позитивни емоции за клубот во кој настапував во последните три години. Морам да потенцирам дека времето поминато во тој клуб многу помогна во мојот развој како играч.

ЕХФ: Кои моменти најмногу ви останаа во сеќавање од Минск? Како гледате на времето поминато во Динамо?

Павел Атман: Најмногу се сеќавам на моите први настапи во Лигата на шампионите, први и за мојот клуб, и морам да истакнам дека бевме успешни, особено ако се земе дека тоа беше нашето прво учество.

ЕХФ: Вашиот поранешен клуб многу се измени во текот на летото. Дали сте изненадени што ја загубија трката за Топ 16?

Павел Атман: Оваа сезона Динамо има целосно нова екипа и нов тренер. Кога се работи за толку големи промени потребно е време за да се состават сите делови и да се оформи екипата. Затоа не ме чуди што, со ваков играчки состав, екипата не се пласира меѓу најдобрите 16.

ЕХФ: Во што е најголемата разлика меѓу животот во Минск и во Скопје? Колку ви беше тешко да се навикнете на новата средина во Скопје?

Павел Атман: Постои огромна разлика меѓу овие два града. Во Скопје луѓето живеат помирен и повеќе избалансиран живот, додека во Минск сé е поврзано со метежот и вревата, што има смисол бидејки Минск е голем град со бројно население.

ЕХФ: За Македонците ракометот е спорт број еден. Колку ви се допаѓа односот на нацијата кон овој спорт?

Павел Атман: Многу ми се допаѓа фактот што ракометот е тука толку популарен. Никогаш не сум видел таква поддршка во други земји, и тоа е прекрасно, бидејки ни дава посебен стимул во играта. Навивачите се нашиот осми играч.

ЕХФ: Колку сте задоволни од формата на вашите соиграчи по паузата во Лигата на шампионите?  Колку и е тешко на екипата да најде замена за Наумче Мојсовски?

Павел Атман: Јас сум задоволен од нашата форма по паузата во Лигата на шампионите. Сите ракометари што учествуваа на ЕП во Данска се наоѓаат во добра форма. Имаме повредени, но таков е спортот. Психолошки многу е тешко да се игра без Наумче Мојсовски и тој ни недостасува.  Тој е капитен и лидер на екипата, тој е срцето на тимот и сите со нетрпение го очекуваме неговото враќање.

ЕХФ: Вие се уште имате можност да го поминете Пари Сен Жермен во трката за второто место, со што би ги избегнале најдобрите екипи во Топ 16. Што е најважно за да се достигне оваа цел?

Павел Атман: Ќе биде многу тешко да се помине Пари Сен Жермен, но ние ќе направиме се што е возможно за да го постигнеме тоа.  Затоа е важно да победиме во наредните две средби и, секако, да ги чекаме резултатите на Пари Сен Жермен.

ЕХФ: Го остваривте пласманот меѓу најдобрите 16. Колку далеку мислете дека можете да стигнете со Металург?

Павел Атман: Со Металург јас сакам да стигнам далеку, колку што е можно подалеку. Тоа е и цел на екипата и јас мислам дека можеме да ја поминеме и осминафиналната фаза.

Текстот е на Амина Идризи.

Прочитано 3.100 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 14