Топ Вести

ИСТОРИЈАТ НА РК МЕТАЛУРГ

01.02.2013 19:53
ljambe magareto.

РК Металург, од Скопје, е македонски ракометен клуб кој се натпреварува во VIP Супер Машка лига.
Формиран е во 1971 година под патронат на Скопската Железарница.Тогаш се роди идеја да се формира клуб составен од вработени во фабриката. Никола Богдановски – Коле ја прифати идејата и преку фабричките органи го создаде Металург. Идејата, реализирана од Коле, продолжува да живее преку трудот на денешните генерации. Никола Богдановски не сонувал за европското претставување на Металург туку се борел за голиот опстанок на клубот. Ќе остане запаметено дека Металург, во својот прв настап, извојува победа против екипата на РК Пирин со резултат 22:14, полувреме 10:6. Во 1974 година е формирана јуниорската екипа на Металург, под водство на Пустина Крешимир. Идните дваесетина години, оваа екипа ќе го сочинува јадрото на тимот. Првото европско деби на Металург е во 1993 година кога настапи во Купот на градовите на ЕХФ, а противник беше белгискиот Херстел. Денес, Металург е препознатлив македонски бренд и, во последните пет години, четирипати е шампион на Македонија и е троен освојувач на Купот на Македонија. Редовно учествува во европските натпреварувања и е костурот на македонската репрезентација.

Прочитано 2.645 пати

(1) Коментар

  1. Што убаво си имате кажано тука. Мислам дека на сите ви треба лекција по историја, особено од ова што е напишано тука: „Денес, Металург е препознатлив македонски бренд и, во последните пет години, четирипати е шампион на Македонија и е троен освојувач на Купот на Македонија. Редовно учествува во европските натпреварувања и е костурот на македонската репрезентација.“, нели? :)

Напишете коментар


9 − = 0