Топ Вести

Извлечени се четврт-финалните групи и двојки за Купот на Македонија

12.04.2017 20:52
11042017п_DSC0429_resize_resize

Денеска во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на четврт-финалните групи во Купот на Македонија во машка конкуренција и четврт-финалните двојки во женска конкуренција. 

Натпреварите од четврт-финалето во машка конкуренција ќе се играат на 22/23 април 2017 година. Победниците од секоја група ќе обезбедат пласман на фајналфор-турнирот што ќе се одигра во периодот од 19 до 21 мај 2017 година.

 

1/4 финале Куп на Македонија (мажи), Група 1 – Организатор РК Металург
Полуфинале:
РК Пролет 62 – РК Металург
РК Македонија ЃП – РК Прилеп 2010

1/4 финале Куп на Македонија (мажи), Група 2 – Организатор РК Охрид 2013
Полуфинале:
РК Работнички – РК Струга
РК Охрид 2013 – РК Металург 2

1/4 финале Куп на Македонија (мажи), Група 3 – Организатор РК Еурофарм Работник
Полуфинале:
РК Пелистер – РК Вардар Јуниор
РК Младост 09 – РК Еурофарм Работник

1/4 финале Куп на Македонија (мажи), Група 4 – Нема организатор
Полуфинале:
РК Вардар – ГРК Борец
РК Радовиш – РК Вардар 2

Согласно пропозициите, натпреварите од групата која нема организатор ќе се играат на терените на извлечените домаќини. Во конкретниот случај, во групата 4, во полуфиналните натпревари РК Вардар ќе биде домаќин на ГРК Борец, односно РК Радовиш ќе биде домаќин на РК Вардар 2. Во финалниот меч од групата, домаќин и организатор ќе биде победникот од натпреварот РК Радовиш – РК Вардар 2.

Во четврт-финалето од Купот на Македонија во женска конкуренција, извлечени беа четирите двојки. Според пропозициите, се игра еден натпревар, а победниците од четирите дуели ќе обезбедат пласман на фајналфор-турнирот. Четврт-финалните натпревари во Купот на Македонија во женска конкуренција ќе се играат на 19/20 април 2017 година.

1/4 финале Куп на Македонија (жени) – Еден натпревар
ЖРК Гевгелија – ЖРК Овче Поле
ЖРК Вардар СЦЈС – ЖРК Вардар
ЖРК Куманово – ЖРК Металург
ЖРК Прилеп – ЖРК Пелистер

Прочитано 3.620 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 6